ФПМ Минол ДООЕЛ Штип ги поседува сите потребни дозволи за собирање, складирање и транспорт на опасен отпад и е водечка компанија во Р. Македонија во оваа област. Располагаме со складишен простор (метални цистерни) од 1000 m3. Превземањето на опасниот отпад го вршиме со сопствени возила со ADR лиценца. По превземањето и складирањето, опасниот отпад безбедно се извезува во земјите од ЕУ.
Во моментот имаме склучено договор за превземање на опасен отпад со повеќе од 500 компании.