Минол е Петрохемиска компанија која е основана 1992 година во Штип. Првите две година главна дејност на компанијата беше трговија на нафтени деривати со бившите ЈУ Републики, а од 1994 година почнува со сопствено производство на моторни и индустриски масла. Фабриката за производство на моторни и индустриски масла е лоцирана на 6-ти километар од Штип, на регионалниот пат Штип – Струмица. Фабриката е со корисна површина од 5000 м2 и ги исполнува сите еколошки и производствени стандарди за производство на моторни и индустриски масла.
Минол произведува масла за сите видови на мотори со внатрешно согорување. Во фабриката постоја автоматски и полуавтоматски линии за производство и пакување на производите со различни големини од 1 литар па се до 200 литри. Во рамките на фабриката делува и лабораторија за испитување на квалитетот на моторните масла